МВР: Близнаците од „Пука Козметика” нападнаа полицаец


Македонското Министерство за внатрешни работи информираше дека околу 21 часот на улицата Димитрие Чуповски во близина на Порта Македонија, едно непознато лице физички нападнало полициски службеник.

Лицето веднаш по нападот било приведено, но пред да биде внесено во службено возило дошло друго лице, кое исто така физички го нападнало полицискиот службеник, посочуваат од полицијата.

Двете лица по нападот биле приведени во полициската станица во Центар, каде било утврдено дека станува збор за 35-годишните Д.М. и Ж.М. од Скопје.

Тие вечерта за време на изгласувањето на уставните измени додека беа на протест објавија видео како полицијата ги апси без да бидат насилни.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1