ВО ЖИВО: Почна протестот во Атина против Договорот од Преспа


Со грчки знамиња и со плакати со пораки „Македонија е грчка”, „Референдум сега” и извикувајќи слични слогани меѓу кои и „Овој Договор е предавство”, Грците излегоа на протест на плоштадот „Синтагма“ пред грчкиот Парламент, одговарајќи на повикот на организаторите од т. н. Комитет за одбрана на грчкиот карактер на Македонија за да го кренат својот глас против Договорот од Преспа.

Иако закажан за 14 часот по локално време, граѓаните уште два часа претходно почнаа да се собираат пред грчкиот Парламент.

Меѓу граѓаните има и поддржувачи на „Златна зора“ кои на улиците околу грчкиот Парламент фрлија флаери со пораки дека Македонија е грчка.


На „Синтагма“ заедно со граѓаните се и голем број свештени лица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1