Над 770 милиони мејл адреси и лозинки се постирани на популарен интернет форум за хакери, објави угледниот „Гардијан“.
Настанот се случил кон средината на декември, а според овие информации практично секој трета имејл адреса во светот е хакирана.
Компјутерските експерти апелираат сите оние кои користат електронска пошта да проверат дали можеби и нивната адреса е хакирана.
Ова се смета за еден од најголемите хакерски напади досега.