АМСМ со вонреден извештај – Внимавајте на овие патни правци


Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози,а на некои повисоки места во западните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни служби.

На патниот правец Струга – г.п. Ќафасан (до с.Франгово) поради оштетувања на коловозот брзината е ограничена на 40 КМ / h.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ  се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

За сите подетални информации јавете се на нашиот дежурен телефон

02/ 25 61 502 или посетете ја нашата веб страница  www.makedonijapat.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1