Во Атина и Солун додека во грчкиот парламент се одржуваше седница за ратификација на Договорот од Преспа, голем број граѓани протестираа.
Протестите преминаа во насилство, при што и полицијата мораше да интервенира.
На протестот во Атина беше запалено и македонското знаме од страна на демонстрантите, а грчките медуми јавуваат дека во Солун низ улиците се водела вистинска „улична војна“ со полицијата.
Полицијата во Атина привела 135 демонстранти, а поради насилство биле уапсени 10 лица, објавија грчките медиуми.
Во пресметките најмалку еден полицаец е повреден.
Зад протестите во Атина и Солун стои радикалната грчка десница, објавија медиумите. За да ги растера насилните демонстранти полицијата во неколку наврати употребила солзавец.