Договорот од Преспа доби зелено светло од грчкиот парламент – Од денеска новото име за меѓународна употреба


Со 153 гласа за, 146 против и еден воздржан грчкиот парламент го ратификуваше преспанскиот догвор.dogovor grcija

Гласањето помина во тензична атмосфера. Пратениците се изјаснуваа поединечно и со прозивање. СОбранискиот спикер интервенираше неколку пати поради провокациите на пратениците од Златна зора кои гласаа против договорот. Конечно, како што и се очекуваше , клучни беа гласовите на осуммината пратеници незаисни и од помалите партии кои се приклучија на пратениците на Сириза, со што се ратификуваше документот. За разлика од бурното изјаснување внатре во парламентот, пред зградата протестираа одвај стотина демонстранти поради невремето кое ја зафати Аттина. Дебатата за ратификација траеше повеке од 40 часа, а на неа учествуваа над 200 пратеници. Најжестоко беше синока кога во собранието се обратија премиерто Ципрас и лидерот на опозицијата Мицотракис. За првпат во историјата се спомна егејското прашање и тоа директно од Ципрас кој им се обрати на сите обние кои го оспоруваат догворот, а мегу нив и на грчките комунисти

Македонија од денеска станува Република Северна Македонија во меѓународните односи. Со ратификација на преспанскиот договор и во грчкот собрание, новото уставно име на земјава за меѓународна употреба стапува на сила веднаш. Но за уставните измени, односно за внатрешна употреба новото установно име ќе се користи откако Грција ќе го ратификува и протоколот за членство во НАТО. Во следниот период Македонија писмено ќе треба да ги извести сите држави за новото уставно име. Токму Грција ќе биде првата земја која ќе го добие овој допис, а се очекува да биде и прва членка на НАТО која ќе го ратификува протоколот за членство на Македонија.

Мицотакис сепак се закани дека и покрај обврските превземени со преспанскиот договор Грција тој ако биде премиер има право да стави вето за Македонија во Европската унија.

Процесот за интеграција на Скопје во ЕУ не е поврзан со Договорот од Преспа. Грција може во кој било момент да стави вето за процесот на интеграција на Скопје во ЕУ . И јас одбивам да се откажам од ова наше право. Нека им биде јасно тоа на сите!

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1