Малезискиот крал поради руската убавица се одрече од престолот, а по 1 месец се разведува


Малезискиот крал Мухамед Петти од Кеантана, кој се одрече од престолот, се развеува од поранешната московска мисица Оксана Војеводина, соопштија руските медиуми.
Според пишувањето на весникот „Стархит“ односите на поранешната мисица и кралот се занишани, но самите сопружници не ја потврдија веста за престојниот развод.

Според гласините, Мухамед Петти и Оксана, кои само пред неколку месеци стапија во брак, често се караат. Имено, двете страни ги подготвуваат сите потребни документи за да почне процесот на развод на рбакот.

Инаку, во четвртокот е избран 16. по ред крал на независна Малезија, султан Абдула од Паханга.

Изборот на новиот крал е одржан на заседанието на Советот на малезиски владетели во главниот град Куала Лумпур, со кој претседаваше султанот на државата Теренгану.

Новиот крал на Малезија, султанот Абдула, 59 -годишен спортист и спонзор на националните спортски програми е и претседател на малезиската Фудбалска федерација и член на управата на ФИФА.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1