Успеавме пријателе! – му пиша Али Ахмети на Коѕијас


Писмото што Ахмети му го испрати на поранешниот шеф на грчката дипломатија Никос Коѕијас го пренесуваме интегрално:

Поздрав драг Никос,

конечно дојде денот кога заедно можеме да му се радуваме на еден толку голем заеднички успех.

Често се присеќам на многуте наши силно конструктивни, секогаш отворени и искрени средби, кога ја споделувавме истата цел, имавме исти убедувања, но и не соединуваше истиот опитимизам дека ќе стигнеме тука.

Невремето и облачноста не не одвлекуваа од предодредената цел и се докажа дека сме на правиот пат на историјата и никогаш не се дефокусиравме од крајната цел.

Почитуван пријателе, успеавме.

Сите кои што дадоа придонес во ова вековно дело треба да се горди затоа што изградија европска цивилизациска вредност, придонесоа кон мирот во целиот регион обезбедувајќи стабилност, безбедност и иднина.

Би сакал да ти се заблагодарам за храброста и посветеноста кон постигнувањето и усвојувањето на договорот.

Денес, нашиот регион, Југоисточна Европа, се раздени во целосно нови геостратешки и геополитички околности, во тие за кои што се залагавме заедно.

Здравје да имаш пријателе, да си имаш среќа и сакам да знаеш дека мојата врата секогаш ќе ја најдеш отворена без да имаш потреба да тропаш на неа.

Остани ми добар,

Али Ахмети

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1