Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев, побара од вицепремиерите да се откажат од зголемувањето на нивните плати во износ од 8.000 денари, кое се предвидува со новите измени на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани функционери.
-Ги повикувам Шекеринска, Оливер Спасовски, Кочо Анѓушев, Хазби Лика, за кој слушавме дека со месеци не оди на работа, како и Бујар Османи да се откажат од ова неадекватно зголемување на нивните плaти за 8.000 денари. Срамота е – рече Ѓорчев.
Неговата иницијатива да се тргне од дневен ред предлогот за измени во Законот, сепак не беше прифатена од Собранието.