Ѓорчев: Ги повикувам вицепремиерите да се откажат од зголемување на нивната плата за 8.000 денари, срамоте е


Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев, побара од вицепремиерите да се откажат од зголемувањето на нивните плати во износ од 8.000 денари, кое се предвидува со новите измени на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани функционери.

-Ги повикувам Шекеринска, Оливер Спасовски, Кочо Анѓушев, Хазби Лика, за кој слушавме дека со месеци не оди на работа, како и Бујар Османи да се откажат од ова неадекватно зголемување на нивните плaти за 8.000 денари. Срамота е – рече Ѓорчев.

Неговата иницијатива да се тргне од дневен ред предлогот за измени во Законот, сепак не беше прифатена од Собранието.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1