МЗ: Внуката на министерот Филипче е вакцинирана во амбулантата Идадија со вакцина ДиТеПер


Министерството за здравство најостро ги демантира невистините на ВМРО-ДПМНЕ, да престанат да лажат и да ја злоупотребуваат јавноста. Нема да дозволиме со лаги да ја манипулираат јавноста и со тоа да го нарушуваат јавното здравство.

„Внуката на министерот Филипче е вакцинирана во амбулантата Идадија -МлинБалкан со вакцина ДиТеПер, онаа која и следуваше согласно вакциналниот календар. Објавата од вакцинацијата на неговата внука е само личен пример со кои ги охрабруваме граѓаните да не се плашат од вакцинација и да докажеме дека вакцините за сите деца се безбедни.

Ги повикуваме сите родителите чии деца не се вакцинирани да ги вакцинираат. Вакцините се комплетно безбедни, со проверен рок и од европски производител.

Вакцинацијата е придобивка на современата медицина. Нашата одговорност се граѓаните и секојдневно се грижиме за нив.

Затекнавме здравствен систем кој е пеплосан од злоупотреби цели 11 години, немотивиран здравствен кадар, лекови од непознати производители и сомнителен квалитет, донесени со паралелен увоз. Затекнавме 15 илјади невакцинирани деца со МРП вакцината и тоа само во Скопје. Затекнавме комплетно изгубена доверба на родителите и во квалитетот на вакцините и во здравствениот систем кој беше во тотален хаос“ се вели во соопштението од Министерството за здравство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1