Тадиќ ќе го бојкотира српскиот Парламент, Сергеј Трифуновиќ нов лидер на ПСГ


По двомесечните масовни граѓански непартиски протести во Белград и другите градови во Србија и  завчерашниот бојкот на собраниската седница на говорот на словенечкиот претседател Борут Пахор, денеска поранешниот претседател на Србија и лидер на Социјалдемократската партија (СДС), Борис Тадиќ на Твитер објави дека оваа партија ќе ги бојотира сите наредни седници на српското Собрание.

Тој наведе дека за „нивоата и формата“ на бојкотот, СДС ќе продолжи да разговора со останатите опозициони партии.

По оставката на Саша Јанковиќ на местото претседател на Движењето на слободни граѓани (ПСГ), на седница на Главниот одбор на партијата за нов лидер е избран актерот Сергеј Трифуновиќ.

Тој најави дека ќе работи на обединување на опозицијата и на „ослободување на луѓето од стравот кој владее во Србија“, но дека ПСГ нема да влезе во коалицијата Сојуз за Србија (СзС).

Денеска е соопштено и дека на Иницијативата на универзитетската подршка за протестите „Еден од Пет милини“ досега се потпишале 950 академици, професори и доценти, со што со досегашните потписи од факултетите на сите Универзитети во Србија, таа бројка изнесува над 1.500 лица, меѓу кои се и над 100 адвокати.

За наредните денови се највени нови граѓански протести во повеќе граддови во Србија, меѓу кои и за в сабота во Белград, а за првпат протестен собир ќе се одржи и во Косовска Митровица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1