Опасната бактерија МРСА на Стоматолошкиот клинички центар – нема опасност смирува МЗ


Министерството за здравство информира дека нема опасност од зараза со бактеријата МРСА, откако таа е пронајдена кај еден од вработените на Универзитетски стоматолошки клинички центар „Свети Пантелејмон“ – Скопје.

– Во установата се преземени сите мерки за дезинфекција и изолирање на бактеријата. Вработениот кај кој е потврдено присуство на бактеријата е изолиран и не доаѓа на работа. Превентивно, извршена е комплетна дезинфекција на просториите на катот каде вработениот работел, а во тек е дезинфекција и на сите простории – информира Министерството за здравство.

Веќе се вршат превентивни прегледи и на останатите вработени во установата.

Од Министерството за здравство нагласуваат дека нема опасност од зараза и Стоматолошкиот клинички центар непречено и континуирано обезбедува здравствени услуги за пациентите.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1