Се истражуваат причините за смртта на 61 годишната жена и на 34-годишен битолчанец


Има ли медицински пропуст во третманот на 61 годишната пациентка која пред 4 дена починала на Карил? Имала инфекција на стомачната празнина која ги зафатила сите органи и лекарите од Клиниката за анестерзија и реанимација не успеале да ја спасат.

Претходно била пациентка на Нефрологија а од таму завршила на Дигестивна каде и направиле операција на дебелото црево. Лекари велат дека патолошките анализи треба да покажат каква дијагноза имала. Неофицијално, пред да заврши на Клинички, не и било направено никакво снимање за лоцирање на проблемот. Овој случај стана актуелен откако Министерството за здравство прво негираше дека има почината пациентка со слепо црево како што беше објавено на итернет портали, за потоа да соопштат дека истражуваат како дошло до фатален исход кај 61 годишната скопјанка. Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат веќе ја собрале целокупната медицинска доккументација од четирите скопски клиники каде поминала жената.

Освен обелоденување на случајот во медиуми, ДСЗИ добиле и анонимна порака за 61 годиѓшната жена. Инаку денеска писмено се огласија и од Дигестивна хирургија, од каде велат дека нивниот тим презел се што било неопходно за соодветен третман на пациентката.

Но ова не е единствениот случај што ја бранува јавноста. Државниот инспекторат го завршил вонредниот надзор и за 34 годишниот битолчанец кој починал еден ден по отпуштање од болница каде му била направена операција за скршеница на нога. Блиски обивинија дека не му била дадена соодветна терапија.

Дали некој ќе понесе одговорност и во двата случаи треба да покажат стручните надзор

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1