Јавното обвинителство ја започна истражната постапка по поднесувањето на кривичната пријава од страна на министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, за скандалот со непрефрлањето придонеси за околу 12 илјади граѓани во вториот пензиски столб. Прв чекор – сведочење лично од министерката Царовска, пренесе Алсат.
Царовска денеска рече дека нејзината законска обврска ја завршила со пријавувањето на неправилностите во обвинителството.
Скандалот пред две недели го обелодени министерката Царовска. Веднаш потоа таа и директорот на Фондот сепак излегоа со изјави дека нема простор за загриженост.