Јовески го свика Стручниот колегиум на јавните обвинители за правното мислење на Врховен


Јавниот обвинител на Република Македонија Љубомир Јовески свика седница на Стручниот колегиум на јавните обвинители во Јавното обвинителство на Република Македонија.

Седницата е свикана во проширен состав, односно покрај Јавниот обвинител на Република Македонија и јавните обвинители во Јавното обвинителство на Република Македонија ќе присуствуваат и вишите јавни обвинители на Вишите јавни обвинителства и јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, се наведува во соопштението на ЈОРМ.

На седницата која ќе се одржи утре ќе се разгледува Барањето мислење од колегиумот на судии при Основниот суд Скопје 1 Скопје за начелното правно мислење на Врховниот суд на Република Македонија од 30 јануари годинава. Воедно, тема на Стручниот колегиум ќе биде натамошното постапување по предмети поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите.​

Кривичниот суд Скопје вчера побара од државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски да се произнесе кое обвинителство може во иднина да постапува како овластен тужител во предметите поднесени од Специјалното јавно обвинителство.

Од Судот посочуваат дека, сé до произнесување на државниот јавен обвинител дали предметите ќе останат во надлежност на СЈО или ќе бидат преземени од Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, Основниот суд Скопје 1 – Скопје во сите предмети постапува согласно одредбите од ЗКП, а за предметите на СЈО добиени по истекот на рокот за кој милење даде Врховниот суд на РМ, кои се итни и неодложни ќе одлучуваат надлежните кривични совети, сé со цел да не дојде до непотребно одолговлекување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1