На 6 годишно дете му ја отсекле главата бидејќи било од „погрешната вера“ и тоа пред очите на мајката


Шестгодишно дете е обезглавено пред очите на својата мајка во Саудиска Арабија затоа што припаѓал на „погрешната“ гранка на исламот, пренесува „Мирор“.

Детето наводно е убиено во светиот град Медина, во текот на посетата на храмот на пророкот Мухамед, пренесува Аваз.

Детето Закариа Ал-Џабер и неговата мајка го посетиле храмот на пророкот Мухамед во Медина, каде им пришле непознати мажи и ги прашале дали се шиити.

Мајката наводно потврдно одговорила, па по само неколку минути пред нив запрел автомобил од кој излегле мажи и и го грабнале детето од рацете.

Потоа мажите детето со скршено стакло го боделе во вратот се додека не му ја откинале главата.

Беспомошната мајка вриштејќи гледала како и го убиваат детето, никој наводно не реагирал, а резултатите од истрагата се уште се непознати.

Саудиска Арабија е мнозински сунитска земја, а припадниците на другите вери, вклучувајќи ги и другите гранки на исламот, често се мета на прогони и насилства.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1