Уште еден смртен случај од морбили: 13-месечно бебе почина на Детска клиника, трета жртва досега


13-месечно бебе од тетовско почина на Детската клиника. Ова е третото дете жртва на морбилите. Состојбата станува алармантна.

Министерството за здравство соопшти дека синоќа на Клиниката за детски болести починало 13-месечно дете од тетовскиот регион од компликации предизвикани од морбили (мали сипаници), кое претходно не било вакцинирано.

Министерството за здравство во соопштението изразува жалење за смртта на детето, како резултат на компликации од морбили, болест која може да се спречи со вакцинација.

Од Министерството апелираат до сите родители, најодговорно да ги сфатат препораките за вакцинирање со МРП вакцината, која заштитува од ова сериозно заразно заболување. Вакцината во здравствените домови се аплицира бесплатно, а вакцините се со проверен квалитет.

Заразено од мали сипаници, почина бебе од Свети Николе, а животот го загуби и 6-месечно бебе исто така од компликации предизвикани од морбили.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1