Косовската Влада ја започна седницата со едноминутен молк за загинатите во несреќата кај Карпалак


Косовската Влада ја зпочна денешната седница со едноминутен молк за загинатите во вчерашната тешка сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово.

Веста, заедно со слика од почетокот на седницата, на својот Фејсбук ја објави косовскиот премиер Рамуш Харадинај, кој претходно, синоќа, преку социјалната мрежа изрази жалење за жртвите.

– Потресен од несреќата со жртви на автопатот Скопје-Тетово. Трагедија која погоди многу семејства, со десетици повредени и за жал многу загинати. Искрени сочувства за семејствата кои ги изгубија своите најмили и што поскоро опоравување на повредените, напиша Харадинај.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1