Студентите Бобан Аврамоски и Онур Садику меѓу загинатите во сообраќајната несреќа


22-годишниот Бобан Аврамоски и 19-годишниот Онур Садику се меѓу загинатите во несреќата кај селото Ласкарци.
Садику бил студент на Медицинскиот факултет, а Аврамоски студирал на ФОН. Од Универзитетот ФОН изразија сочувство за момчето што студирало на Факултетот за дизајн.

„Почитувани, со длабоко жалење ве известуваме дека во вчерашната трагична несреќа загина и нашиот студент на Факултетот за дизајн и мултимедија – Бобан Аврамоски. Изразуваме длабоко сочуство до неговото семејство и семејствата на сите загинати. На повредените им посакуваме брзо закрепнување“, соопштија од ФОН.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1