Филип Рикер во понеделник во Скопје


Поранешниот амбасадор на САД во земјава, а сега наследник на Вес Мичел во Стејт Департментот, Филип Рикер доаѓа во понеделник во Скопје. Ова е негова прва посета на регионот по најавата дека ќе биде именуван на позицијата помошник државен секретар за Европа и Евроазија, од која се повлече Мичел во почетокот на годинава.

Тој ќе учествува на конференција, во организација на Маршаловиот фонд, а во рамки на престојот, предвидена е и негова средба со премиерот Зоран Заев и со други членови на владата.

Тој беше амбасадор во САД во периодот 2008-2011 година, односно непосредно по неуспехот на Македонија на самитот на НАТО ви Букурешт. Од таа позиција, Рикер беше активно вклучен во разговорите што следеа потоа за надминување на спорот меѓу Македонија и Грција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1