ОД САМСУНГ ПРИСТИГНУВА “ЧИСТА ДЕСЕТКА“


Со револуционерни иновации за екранот, камерата и перформансите, одбележувајќи една цела Самсунг деценија, новите модели од серијата Галакси С10 претставени и на македонскиот пазар

Трите уникатни уреди од Галакси С (Galaxy S) серијата на мобилни уреди – С10 (S10), С10+ (S10+) и С10е (S10e) кои пристигнуваат со првиот динамичен АМОЛЕД екран, камера од новата  генерација и интелигентни перформанси, од 8. март ќе бидат достапни на македонскиот пазар. Новите паметни телефони од С серијата поставуваат нови стандарди и се создадени за корисници кои сакаат врвни мобилни уреди со моќни перформанси. Сите заинтересирани, уредите ќе може да ги набават кај овластените продажни партнери на Самсунг и мобилните оператори.

Уредите од Галакси С серијата ќе бидат достапни во Македонија во неколку бои: Призма Црна, Призма Бела, Призма Сина и Интензивно Жолта. Дополнително, заинтересираните за Галакси С10+ ќе може да одберат од два сосем нови, премиум модели: Керамичко Црна и Керамичко Бела. Препорачаните продажни цени за овие мобилни уреди се движат од 54.999 денари за Галакси С10 (128GB), односно 69.999 денари за Галакси С10 (512GB) , 60.999 денари за Галакси С10+ (128GB), 75.999 денари за Галакси С10+ (512GB), 97.999 денари за Галакси С10+ (1TB) и 44.999 денари за Галакси С10е.

Серијата на паметни телефони Галакси С10 е навистина посебна за нас како Компанија. Создадена е за да може да ги исполни специфичните потреби на денешниот пазар на паметни телефони. Во овие уреди е втемелена цела деценија на врвни иновации. Галакси С10 уредите се приказ на нашата заложба за динамична, храбра и светла иднина. Секој од новите уреди носи револуционерна иновација за екранот, камерата и перформансите. Создадени за потребите на различни корисници, претставуваат вистински избор без разлика за кој ќе се одлучи корисникот. С10 уредите имаат елегантен изглед и пристигнуваат со технологии кои за прв пат се имплементирани во уреди или се целосно практични за корисникот. Уверен сум дека ова е ново поглавје кога станува збор за револуционерни технологии.“ – истакна Милан Вујович (Milan Vujović), Директор на Секторот за маркетинг во компанијата Самсунг за Адриатик регионот.

Галакси С10 уредите го имаат првиот динамичен АМОЛЕД екран со “HDR10+“ сертификат кој создава живописни бои и извонреден контрастен сооднос за уште подлабоки темни нијанси и уште посветли светли нијанси. Екранот пак, пристигнува со првиот Ултрасоничен Скенер за Отпечатоци сместен на самиот екран, кој ги вчитува 3Д контурите на физичкиот отпечаток на корисникот, наместо 2Д сликата од отпечатокот, што претставува поголема заштита и безбедност за корисникот. Уникатниот “Infinity-O“ екран на Галакси С10 пристигнува со низа сензори и технологија за камера сместена во отвор на екранот, овозможувајќи им на корисниците на овој начин да ја зголемат работната површина на екранот без дистракции.

За првпат воведена во С серијата на паметни телефони, камерата со ултра широк објектив создава можност за сликање на која било сцена во видно поле од 123 степени. Покрај Ултра Широката камера совршена за сликање на панорама, С10 уредите имаат и телефото камера со неверојатни можности за зумирање, како и широкоаголна камера за зачувување на секојдневните моменти. Галакси С10+ пристигнува со три задни и две предни камери, Галакси С10 има три задни и една предна камера, додека пак Галакси С10е пристигнува со две задни и една предна камера. Двојниот објектив, поставен на задната широкоаголна камера, е направен за да го прилагодува и оптимизира осветлувањето на поддржаните режими за фотографирање – “F1,5“ и “F2,4“. Стабилизираното снимање е овозможено преку технологијата за дигитално стабилизирање без разлика на ситуацијата – “Super Steady“ . И предната и задната камера може да снимаат до “UHD“ квалитет, а прв пат во оваа индустрија, задната камера овозможува снимање со “HDR10+“ квалитет.

Камерата на Галакси С10 уредите е уште поинтелигентна благодарение на функцијата за обработка на податоци “Scene Optimizer“, како и функцијата “Shot Suggestion“. Со овие функции корисниците може мануелно да ги селектираат напредните поставки, додека камерата сугерира што корисникот да снима и овозможува автоматски препораки за композицијата, за подобро врамување на сликата.

Галакси С10 е создаден со врвен хардвер и софтвер базирани на машинско учење. Од комплетно нови можности за споделување на енергијата, до подобрени перформанси на Вештачка Интелигенција и интелигентен “Wi-Fi“, Галакси С10 претставува најпаметниот Самсунг уред досега.

Со функцијата Безжично споделување на енергија се овозможува лесно полнење на паметни телефони кои имаат “Qi“ сертификат, како и полнење на компатибилни уреди за носење. Воедно, уредот може да се полни и сам, но и да полни други уреди додека е ставен на обичен полнач. Новиот Софтвер за Вештачка Интелигенција, автоматски ги оптимизира батеријата, процесорот, РАМ меморијата и температурата на уредот врз база на тоа како се користи телефонот. Галакси С10 има интелигентна безжична поврзаност која овозможува непрекината и безбедна конекција со беспрекорен премин од “Wi-Fi“ кон “LTE“ и обратно, воедно известувајќи го корисникот за потенцијално ризични безжични конекции и поддржувајќи го новиот “Wi-Fi 6“ стандард. Преку Брзото безжично полнење 2.0 (Fast Wireless Charging 2.0), Галакси С10 се полни за 29% побрзо од Ноут9 (Note9) и 33% побрзо споредено со С9 (S9).

Како дел од Галакси С10 серијата на уреди, интелигентната платформа Бигзби (Bixby) ги автоматизира навиките и обезбедува персонализирани препораки. Дел од карактеристиките на овие уреди се отпорноста на вода и прашина – дел од стандардот “IP68“, услугите како Самсунг Здравје (Samsung Health) и Самсунг Декс (Samsung DeX). Галакси С10+ пристигнува со 1 Терабајт меморија и можност за додавање на МикроСД картичка со дополнителни 512 Гигабајти, што вкупно создава простор за користење од 1,5 Терабајт. Со помош на безбедносниот систем Самсунг Нокс (Samsung Knox), со стандарди за безбедност на ниво на одбранбени сили, Галакси С10 поседува безбеден простор за зачувување податоци.

Корисниците може однапред да ги нарачаат мобилните уреди Галакси С10, Галакси С10+ и Галакси С10е. Оние кои ќе ги нарачаат Галакси С10 и Галакси С10+ во одреден временски период, бесплатно ќе ги добијат новите Галакси Бадс (Galaxy Bads), безжични слушалки на Самсунг.

За дополнителни информации за Галакси С10 серија, посетете ја веб-страната https://www.samsung.com/rs/smartphones/galaxy-s10/.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1