Засега од Владата не откриваат колку ќе чини преименувањето, но најавуваат дека ќе излезат со информација откако ќе заврши целиот процес.
Бошњаковски истакна дека нема да има промена во химната, а остануваат и имињата на градовите Македонски Брод, Македонска Каменица…
Во однос на понатамошната употреба на придавката „македонски“, „македонска“ и „македонско“ Бошњаковски рече дека таа ќе се користи секогаш кога е поврзана со етничкиот и културниот идентитет, односно ќе се користи македонски јазик, македонска култура, македонски народ, македонска литература, македонско кирилско писмо……
Додека кога се работи за примери кога се споменува името на државата, официјални органи и јавни институции, тогаш ќе се користи зборот „Република Северна Македонија“. Така, правилната употреба е Влада на Република Северна Македонија, претседател на Северна Македонија, министер за надворешни работи на Северна Македонија, а неправилно е да се користи изразот „северномакедонски“ или „македонски“.