ДПА: Тачи е невин, ќе докажува и во меѓународните судови


За затворската казна за Мендух Тачи попладнево реагираа од ДПА. Од партијата наведуваат дека одлуката на Кривичниот суд за нивниот претседател Мендух Тачи покажува дека и понатаму во државата се активни определени црни сегменти чии одлуки создаваат сериозни пречки за демократизацијата на земјата и нејзиниот пат кон евроатлантските структури.

Според ДПА, тие структури и во минатото го следеле Мендух Тачи, па дури имало и обиди за негова физичка ликвидација. ДПА е сигурна дека тој е сосема невин и ќе ги помине сите судски инстанци за да ја докаже неговата невиност, вклучително и меѓународните судови.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1