Силјановска: Не сум го премолчела „груевизмот“, една фамилија сега се смени со друга


Гордана Силјановска Давкова која е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ кој ќе ја трча претседателската трка, во интервју за емисијата „360 Степени“ зборуваше за мислењето во дел од јавноста дека „го преспала“ „груевизмот“ и се разбудила во „заевизмот“.

– Воопшто не се согласувам дека сум го премолчела „груевизмот“, напротив, го критикував, дури и во Венецијанската комисија, па можеби и затоа бев сменета. За авторитарното владеење, тоа го пишувам тука, дека е тоа изданок на титоизмот, за корупцијата, за криминалот, вели таа и додава дека брзината на донесувањето на законите, дури и кога се по скратена постапка, е како да се по итна. Дури и измените на многу важни закони. Сакате Кривичен законик, сега Закон за амнестија, да не говорам за чудесното гласање за амнестијата, да не говорам за измени кои по скратена постапка, со европско знаме, кои немаат ништо европско.

Таа вели дека џабе е тоа што сега повеќе се зборува и се критикуваат постапките на власта.

– Чуму ви е зборувањето кога се си останува исто. Дури може да биде тоа демократски декор. Кажете ми мене, каде се промените, дали нема корупција, дали нема криминал, дали нема непотизам… чудовишни размери. Една фамилија сега е заменета со друга фамилија – рече Силјановска.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1