Пријавете ако ве нападне куче – Град Скопје ќе ви исплати од 60.000-180.000 денари


Секојдневно полициските билтени се полнат со вести за скопјани и скопјанки нападнати од кучиња скитници, но ваков проблем нема само во Скопје, туку и во сите градови низ Македонија.

Последниот случај е завчера на Плоштадот Македонија. Во 16,00 часот во Полициската станица Центар, 81-годишниот В.В. од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 13,00 часот на Плоштад Македонија, возејќи се на велосипед бил каснат од куче-скитник во пределот на левата нога.

Во случај да ве касне улично куче, може да барате оштета од Град Скопје и „Комунална хигиена“.

Како што пишува „Независен весник“, висината на отштетата е од 60.000 и 180.000 денари, во зависност од возраста, степенот на повредите, последиците.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1