Францускиот ланец на хипермаркети во Македонија, „Мр. Бриколаж“ прославува седум години функционирање на маркетот во Македонија.
Традиционално и овојпат својот роденден го прославува со своите купувачи,наградувајќи ја нивната лојалност со намалување на цените.
Во периодот од 28 до 31 март,цените на целокупниот асортиман, освен артиклите во каталогот се намалени за одлични 20%.
Високите стандарди, пријателската услуга и врвно обучениот кадар кој е секогаш подготвен да помогне се препознатлив знак на Вашиот омилен маркет изминативе седум години и тоа се само дел од причините зошто потрошувачите во нашата земја со години наназад се одлучуваат да купуваат во„Мр. Бриколаж“.
Позитивното искуство на клиентите е надополнето и со големиот избор на артикли од асортиманот наменет за уредување на домот, градината, како и за опремување на вашата работилница.
Мр.Бриколаж Македонија Ве поканува заедно да го прославиме роденденот и да уживаме во попустите на целокупниот асортиман.
Мр.Бриколаж – Се за Вашиот дом и градина!