Нови преговори за иднината на СЈО, ВМРО – ДПМНЕ интервенира во предлог законот со 65 амандмани


ВМРО-ДПМНЕ испрати 65 амандмани за законот за СЈО, за утре во министерството за правда е закажана нова рунда преговори помеѓу власта и опозицијата.

Од партијата на Мицкоски потврдуваат дека амандманите се базираат на трите принципи кои ги објавија и претходно: имплементација на меѓународните стандарди, заштита на основните човекови права и независност, отчетност, ефикасност и ефективност во бобрата со криминалот.

Неофицијално со амандамните ВМРо-ДПМНЕ бара сите обвинителства да имаат еднаква одговорност и ист буџет. Сите обвинители да имаат еднкави шанси за избор и државниот јавен обвинител да биде на врвот на хиерархијата во обвинителството со можност да ги распредели предметите за кои обвинителите не си ја завршиле работата.

Со овие принципи Мицкоски денеска ги запозна и шефот на делегацијата на Европската Унија. На средбата со Жбогар, лидерот на опозицијата истакнал дека овие принципи се морална обврска за Македонија на патот кон Унијата.

Дали амандманите ќе бидат прифатливи за власта ќе се знае по утрешната средба на работните групи на партиите закажана за 18 часот во Министерството за правда.

Во меѓувреме поддршка за законот со кој трајно ќе се реши статусот на СЈО, владејачката партија се обидува да обезбеди и од помалите опозициски партии. Конкретен став засега немаат ниту независната пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, чии 8 пратеници обезбеднија дво третиснко мнозинство за уставните измени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1