Притворен деветнаесетгодишник за подметнување пожар во Крушевско


Против деветнаесетгодишник со иницијали Ѓ.Н од крушевското село Врбоец е поднесена кривична пријава за предизвикување општа опасност откако вчера бил забелажан дека подметнува пожар во атарот селото. Полицијата го привела Ѓ.Н, а судија на претходна постапка, му одредил домашен притвор во траење од 30 дена.

– Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од СВР-Битола од слобода го лишија лицето Ѓ.Н. затоа што бил забележан како околу 10:40 часот прептпладнето, подметнува пожар во атарот на селото Врбоец и притоа била опожарена ниско и високо стеблеста дабова и букова шума, изјави портпаролот на СВР Сања Стаматова.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1