Брат и сестра пронајдени мртви во шума – на мажот му недостигаат органи


Брат и сестра во постари години се пронајдени мртви кај село Водица во Босна и Херцеговина, пренесуваат тамошните медиуми.

Станува збор за Милка и Недељко Илиќ, кои живееле сами во шумска куќа оддалечена од останатите луѓе на ова место.

Жената е пронајдена во куќата, а нејзиниот брат пред градбата.

-Наводно таа е пронајдена како лежи на каучот, а тој пред куќата. Се зборува оти неговото тело е накажано и му недостасуваат делови. Најверојатно ги изеле животните, нивната куќа е навистина зафрлена во шумата, рекол извор.

За братот и сестрата се зборува оти воделе прилично неуреден живот, а неретко биле видени и како одат или стопираат и во соседните општини.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1