Нов хаос за СЈО: Милошоски вели има сигнали за смена на Катица – Дескоска негира


Власта даде сигнали дека не е задолжително Катица Јанева да остане на позицијата специјален обвинител што е позитивен сигнал во преговорите, тврди Антонио Милошоски по денешниот обид за договор за СЈо, а Рената Дескоска негира, велејќи дека воопшто не се зборувало за Катица и кадровски решенија.

По средбата, пратеникот од опозицијата, Антонио Милошоски, на министерката за правда и посака да си ја задржи функцијата.

– Ѝ честитавме на министерката за правда тоа што станала претседател на советодавното тело за реформи во правосудството и посакуваме да не биде разрешена во следниот период во реконструкцијата што ја најави премиерот Зоран Заев, рече тој.

Од друга страна, додека Милошоски тврди дека има мал напредок, министерката за правда Рената Десковска, изјави дека на денешната средба воопшто не била тема специјалната обвинителка Катица Јанева.

– На денешната средба воопшто не зборувавме за кадровски решенија, па од тука ни за обвинителката Катица Јанева или кој друг обвинител на СЈО, вели таа и додава дека напредок нема.

На последната средба што беше одржана завчера во Министерството за правда немаше никакво поместување во делот на разговорите, како ни сега.

-Немавме никакво поместување во делот на разговорите. Разговаравме за членот 105 кој е клучната пречка во донесувањето на законот, а тоа е околу продолжувањето на постапките и користењето на доказите кои се собрани досега. Се договоривме ВМРО-ДПМНЕ да направат одредени дополнитени консултации и се договоривме наредбата средба да биде во петок, да видиме по тие консултации каде ќе можеме да најдеме заеднички став, изјави по завчерашната среба министерката за правда Рената Дескоска.

Претставникот на опозицијата во преговорите Тони Менкиновски по средбата изјави дека ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од принципот на владеењето на право што е преточено во амандманите.

Според него, мандатот на СЈО е јасно дефиниран во законот, 18 месеци од добивањето на нелегно стекнатите прислушувани разговори.

Договорот за законот за јавно обвинителство е еден од условите за добивање позитивен извештај на Европската комисија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1