Масоните на купче во Белград – слават 100 години српска масонска ложа


од 15 до 17 октомври во Белград се одржува голем масонски собир. Според информациите ќе дошле и главните масони од Франција, Русија, Шпанија.

“Пред еден век, Врховниот совет на Грција внесе светлост и го основаше Врховниот совет на Кралството Србија. Во 1912 година, на заседавањето на сите врховни совети во светот во Вашингтон, Врховниот совет на Кралството Србија е признат како единствена масонска власт во нашата земја“, изјавил за српски Курир, Драган Ѓуриќ, суверен грандкомандер на Врховниот совет на Србија.

Ѓуриќ 40 години живее во Франција но е водечки српски масон од 33 степен. Пред една година станал и генерален секретар на Врховниот светски совет на масони во кој членуваат масонски ложи од 53 земји.

Со овој собир на најмоќните слободни “ѕидари“ во светот, се одбележува стогодишнина од постоењето на Врховниот совет на Србија и затоа ќе присуствуваат масони од 1 па се до 33 степен.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1