Победник на годинашната Евровизија која се одржа во Израел е Данкан Лоренс од Холандија со песната „Аркада“ со која освои 492 гласа.
За Холандија ова е петта победа во досегашните настапи на Евровизија и прва по 1975 година.
Обложувачниците овојпат беа во право и во Израел триумфира најголемиот фаворит.
– Јас сум повеќе од уметник. Јас сум личнoст, јас живеам како бисексуалец, јас сум музичар и се залагам за конкретни работи. Горд сум што можам да покажам кој сум всушност јас – изјави Лоренс во едно интервју.
Втор според вкупниот број на гласови беше претставникот на Италија, додека Русија беше трета.