Тамара: Ден кој никогаш нема да го заборавам!


Македонија на чело со пејачката Тамара Тодевска го освои осмото место на Евровизијата во Тел Авив, Израел.

Иако долго време нашата претставничка беше на врвот, сепак, пресудни беа бодовите од публиката. 

Тамара во првиот дел од гласањето освои 237 гласа, со само два бода помалку од водечката Шведска, но во гласањето од публиката добивме скромни 53 бода, што на крајот нѐ постави осмо место.

Песната „Proud“ е дело на Роберт Билбилов, Лазар Цветковски и Дарко Димитров, автори на музиката и аранжманот, а текстот го напишаа Коста Петров и Сања Поповска.

Секоја чест Тамара, ти си нашиот победник!

„Ден кој никогаш нема да го заборавам. Ви благодарам“, кратко напиша Тамара на својот Твитер налог.

Нашата земја вечерва го оствари најдобриот резултат на сите досегашни настапи со пласманот на 8. позиција на Тамара Тодевска со песната „Proud“.

Претходно најдобриот пласман го имаше Елена Ристеска со „Нинанајна“ кога се пласираше на 12. место на Евросонгот во Атина.

После шест години нашата земја се пласираше во финалето на Евровизија, откако имаше апстиненција од 2013 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1