Поради силниот ветер кој синоќа дуваше во Скопје, два авиони не слетаа на скопскиот аеродром, туку беа пренасочени.
Па така, едниот слета во Охрид, а вториот во Приштина.
Авионот кој летал на релацијата Истанбул – Скопје, два часа кружел над Скопје па бил пренасочен на аеродромот во Пришина, а уште едно летало кое доаѓало од Малта, наместо во Скопје слетало во Охрид.