Актерка се онесвести на свечената вечера во Кан – фустанот и бил претесен (ФОТО)


Познатата американска актерка и манекенка Ел Фенинг на Филмскиот фестивал во Кан падна во несвест поради тоа што фустанот и бил претесен. Пред два дена 21- годишната актерка беше на свечена вечера на која носеше фустан од Прада , која и ги откриваше рамениците и беше прекриена со цвеќиња.

Но проблем направи неверојатно тесниот корсет , инспириран од 50 – тите години на минатиот век , поради што Фенинг очигледно остана без здив.

,,Уупс , вечерва се онесвестив во својот фустан од Прада , но сега сум добро. Фустанот е претесен , плус оние денови во месецот…” , напиша актерката во објавата на Инстаграм.

Таблоидите пишуваат дека актерката се онесвестила и паднала од столот на под. За среќа , во близина била нејзината сестра, Дакота Фенинг , која и помогнала , а на помош скокнал и актерот Колин Фирт.

Инаку , Ел Фенинг е најмладиот член на жири комисијата на Фестивалот во Кан , не само годинава , туку и во историјата на фестивалот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1