Србинот кој ја уби сопругата со бејзбол палка во Лас Вегас, не се кае (ВИДЕО)


Србинот Слободан Миљуш (37) , кој во Лас Вегас ја уби со бејзбол палка својата сопруга вели дека не се кае и дека му се одмаздил на таткото на сопругата.

Србинот од Хрватска , кој живее во лас Вегас по семејна казна ја убил својата сопруга Звездана Бенцун , која веднаш им подлегнала на повредите. Сведок на убиството бил нивниот 13 годишен син, кој кога видел што се случило отрчал во блиската бензинска пумпа за да повика полиција. Полицијата го уапсила Миљуш ,кој седел целиот во крв покрај убиената сопруга.

,,Да, ја убив ,не сум среќен поради тоа , но не се каам. Постојат многу причини зошто го направив тоа. Звездана никогаш не беше дома , не се грижеше за децата , се морав јас да правам , и домашните работи ,да готвам . “ вели Миљуш за медиумите.

,,Покрај тоа , да не се мешаше нејзиниот татко во нашиот брак , немаше да дојде до ова. Морав да му се одмаздам. Кога ќе гледа вести , ќе знае и зошто.” вели сопругот. Тој без никакви емоции призна дека ја убил сопругата , а солзи му се појавија само кога ниовинарката го праша за 13 – годишниот син кој бил сведок на злосторството.

,,Загрижен сум за него.Би сакал да не видеше. Сега ќе порасне без својот татко.” , рече Слободан.

Мајката и сестрата на убиената Звездана го нарекоа монструм , кој возел камион и никогаш не бил дома, а Звездана работела на две места за да го прехрани семејството и се грижела за сите. Таа му побарала развод , по што Слободан станал агресивен.

Колегите на Звездана велат дека со години го трпела насилството од Слободан , а колку и било тешко велат дека ги носела децата на работа само за да бидат подалеку од насилниот татко.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1