Имате уште само 7 дена да ги проверите годишните даночни пријави


Даночните обврзници имаат рок уште седум дена за проверка на податоците од своите претпополнети годишни даночни пријави, кои ги добија по електронски пат. До 31 мај, треба да ги потврдат или да извршат корекција.

На крајот од месецов УЈП ги заклучува профилите и пријавите се сметаат за конечни. А, потоа ќе бидат разгледани од службата на управата.

Доколку службените лица не ги одобрат корекциите кои ги направиле граѓаните ќе донесат решение за да го утврдат перосналниот данок на доход кој го оствариле даночните обврзници минатата година.

Поголемиот дел од граѓаните веќе ја извршиле обврската, велат од УЈП.

Дури и пензионерите кои освен пензија оствариле дополнителен приход лани, на време ги потврдиле пријавите. Сите кои се уште не ја потврдиле или коригирале пријавата тоа да го сторат во најкус можен рок. Оние пак кои се соочуваат со проблем да се обратат кај нив, апелираат оттаму.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1