Ебубекир С. и Егзона М, кои имале 24 години, утринава го загубиле животот во сообраќајка на лице место на автопат во Италија, додека шестмесечното бебе кое било на задното седиште, останало живо, соопштува „Журнал“.
Страшната собраќајна несреќа се случила околу три часот по полноќ, во Италија на автопатот Пјаченца- Торино, во провинцијата Павија, јавува Журнал.
Според истиот медиум возилото со кое патувал парот од скопската населба Сингелиќ, а заедно со нив и шестмесечно бебенце, завршиле во камион паркиран во зона за одмор.
Un grave incidente questa mattina sull’autostrada A21, nell’Oltrepò Pavese. Un’auto si è schiantata contro un tir. Illeso un neonato, morti i due giovani genitori. pic.twitter.com/J9N8P2Qxjg
— Tg3 (@Tg3web) June 11, 2019
Парот живеел во Лион, Франција, а во Италија биле на одмор.