Загина брачен пар од Скопје во Италија, нивното 6 месечно бебе останало живо (ВИДЕО)


Ебубекир С. и  Егзона М, кои имале 24 години, утринава го загубиле животот во сообраќајка на лице место на автопат во Италија, додека шестмесечното бебе кое било на задното седиште, останало живо, соопштува „Журнал“.

Страшната собраќајна несреќа се случила околу три часот по полноќ, во Италија на автопатот Пјаченца- Торино, во провинцијата Павија, јавува Журнал.

Според истиот медиум возилото со кое патувал парот од скопската населба Сингелиќ, а заедно со нив и шестмесечно бебенце, завршиле во камион паркиран во зона за одмор.

Парот живеел во Лион, Франција, а во Италија биле на одмор.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1