Посебна порака испрати премиерот Зоран Заев до најверојатно идниот премиер на Грција, Киријакос Мицотакис.
Во интервју за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЗ), пред најавената средба со германската канцеларка Ангела Меркел, македонскиот премиер му порача на Мицотакис дека не е во ничиј интерес повторно да се отвораат решени прашања. Конкретно Заев мисли на Преспанскиот договор и новото име на Македонија со додавката „Северна“.
Грците самите си избираат влада, но решението за името е поврзано со многу придобивки за двете земји и тие се важечки без разлика кој е на власт“, вели Заев.
Тој притоа додава дека ни кај нас ни во Атина нема политичари кои би отворале решени прашања и оти токму тоа го рекол и Мицотакис јавно.
Некои делови од договорот со Грција се уште треба да се спроведат, како прашањето со пасошите и други документи со новото име и ревизијата на учебниците по историја. Ова во кое било време може да доведе до компликации во преговорите за членство“, смета Заев.
Зарем името го дадовме за џабе?!
Новинарот Михаел Мартенс го потсетува Заев дека пред една година во Собранието рекол оти земјата ова лето ќе почне преговори за членство.
* Ако тоа не се случи, што тоа ќе значи за вашата Влада?
Ништо добро. Најверојатно ќе го загубиме парламентарното мнозинство. Со цел да обезбедиме спроведување на амандманите за промена на името на државата, јас дадов ветувања и обврски пред моите пратеници кои се засноваа на ветувањата од ЕУ. Тие мои ветувања пратениците ги испратија до избирачите и ги поддржаа нашите политики.
* Значи, вие сте пред нови избори?
Токму така. И тие би можеле да ги зајакнат радикалните националистички сили. Ставете се во наша позиција: нашите граѓани дури се согласија да го сменат историското име на државата, и оти тоа било залудно?.
Како побегна Груевски?