Германската канцеларка Ангела Меркел по втор пат во десет дена предизвика загриженост кај германската јавност.
Имено, таа во два наврати неконтролирано се тресеше пред телевизиските камери. Најпрво на 18 јуни кога стоеше покрај украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој беше во посета на Германија. После тоа, како што изјави самата, испила три чаши вода и се почувствувала многу подобро.
Меѓутоа, слично нешто се случи и во четвртокот додека стоеше покрај германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер на церемонијата за поставување нов министер за правда.
Од кабинетот на Меркел изјавиле дека нема причина за загриженост и оти таа е во добро здравје.
Germany’s Angela Merkel seen shaking for second time this month. More here: https://t.co/7XidSy5iRU pic.twitter.com/nYD67BVo6q
— Reuters Top News (@Reuters) June 27, 2019
Но, како што навеле германските медиуми, на Меркел истото и се случило и во 2017 година додека била во Мексико, а наводно причина за тоа биле високата температура и влажноста на воздухот.
Експертите наведуваат дека неколку болести можат да предизвикаат човек неконтролирано да се тресе.
„Тешко е да се рече само врз основа на снимките за каков здравствен проблем станува збор кај Ангела Меркел, но тоа може да биде на пример есенцијален тремор или пак, неспецифична Паркинсонова болест, односно таканаречена Паркинсон плус, па дури и некоја друга екстрапирамидна болест (невролошка болеста која предизвикува нарушување во движењето) – изјавуваат експертите.
Како што објаснуваат, есенцијалниот тремор е наследна болест, а се манифестира како тремор односно тресење. Почнува постепено и најчесто се појавува после 60-тата година од животот, објаснуваат експертите. Обично се појавува во одредена положба на телото, додека Паркинсоновата болест се јавува и во мирување. Паркинсон плус пак е синдром со кои се опишуваат невродегенеративни болести, а исто така може да се манифестира и со тремор.
Експертите изјавуваат дека би можело да станува збор и за некои реакции во стресни ситуации, но и можна хипогликемија. Исто така би можело да станува збор и за екстремна дисфункција на штитната жлезда, но сето тоа се шпекулации бидејќи вистинската дијагноза би можела да се постави само врз основа на лекарски преглед.