Премиерот Заев вели дека грешката на Тамара при вчерашниот настап на прославата на 4ти јули во американската амбасада во Скопје, е ненамерна.
„Нашата ѕвезда се извини на Фејсбук, амбасадата на САД исто. Тоа е пропуст. Химната се пее секој ден и секаде. Тоа потврдува дека е ненамерна грешка“, рече премиерот Зоран Заев.
Тамара вчера на прославата го изостави стихот каде што се споменуваат македонските револуционери, Гоце Делче, Питу Гули, Даме Груев и Јане Сандански.