По вчерашниот пропуст при пеењето на химната Тамара се огласи на Фејсбук


Синоќа во амбасадата на САД во Скопје се одржа свечен прием по повод националниот празник на САД, 4 Јули. На приемот присуствуваа претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, претставници на Владата, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, претставници на дипломатскиот кор, бизнисмени. Нашата поп пејачка ја изведе македонската национална химна, но за време на интонирањето, случајно или намерно, ги изостави Гоце Делчев, Даме Груев, Питу Гули и Јане Сандански.

Ваквиот нејзин потег предизвика бруни реакции во јавноста па пејачката се огласи на Фејсбук…

Почитувани,

Дозволете ми од дното на моето срце да ви се извинам за вчерашната грешка.
Не постои поголема чест за еден уметник од пеењето на националната химна и токму поради тоа и ја прифатив поканата од амбасадата на САД.
Не постојат зборови со кои можам да ја опишам мојата тага поради пропустот што го направив при пеењето на химната.
Понесена од емоции и од целокупната еуфорија, за жал, ненамерно изоставив дел од химната.
Уште еднаш ви се извинувам за оваа грешка и се надевам дека ќе најдете простор во вашите срце да ми простите.
Со почит, Тамара

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1