Бизнисменот Сеад Кочан побарал од Кривичниот суд да не оди во затвор на 17 јули, датум на кој требаше да започне со издржувањето на затворската казна од 4 години и 8 месеци за случајот „Труст“, објави Телма.
Според телевизијата, судија за извршување на санкција веке одлучил, но не ја откриваат одлуката, дали казната ќе биде одложена и летово ќе остане на слобода, или, сепак ќе треба да се појави во затвор за две недели.
Од судот за Телма изјавиле дека постапката е во фаза на достава и се додека не биде информиран Кочан, одлуката нема да се соопшти во јавноста. Кочан барал да му се одложи издржувањето на затворската казна според една од осумте точки предвидени во законот која се однесува на итна незавршена работа.
За оваа точка законот предвидува дека осудениот може да добие одложување на казната до најмногу 3 месеци. На одлуката на судијата за извршување на санкции право на жаба во рок од три дена имаат и Кочан и СЈО.