Агенцијата за медиуми ќе го испитува сопствеништвото на 1ТВ


На денешната седница АВМУ едногласно донесе одлука да поведе постапка за утврдување дали постои повреда на забраната за таен сопственик на радиодифузерот 1ТВ.

Сведоци сме дека лицето Бојан Јовановски јавно изјавува дека е сопственик на 1ТВ што е спротивно на информациите со кои располага Агенцијата за медиуми.

Според Централниот регистер 1ТВ е во 100% сопственост на “БЈМ Медиа Груп” што е во сопственост на Миле Јовановски.

– На ваков начин се врши директно прекршување на членот 44 од Законот за медиумски услуги со кои што е забрането тајно сопствеништво на радиодифузерите, констатираа членовите на Агенцијата на медиуми.

По ваквата одлука во рок од 15 дена Бојан Јовановски ќе треба да поднесе писмена изјава заверена на нотар дека не е сопственик на 1ТВ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1