Почина обвинет од “Змиско око“ чекајќи правда


Ване Цветанов, претседател на граѓанското здружение „Зелена лупа“ на својот ФБ профил објави дека починал уште еден од обвинетите во случајот „Змиско око“ (за злоупотреби на патарините), четврти во изминатите 12 години колку што трае овој судски случај.

-Чекајќи на ветената правда, почина уште еден наш соборец. Звонко Бојаровски од Тетово, притваран, суден и психички малтертиран во случајот “Змиско око”. Случајот Змиско око е базиран на вештачење од вештак во 2007-ма година, а вештакот добил лиценца во 2010-та година. Што значи незаконско и непрофесионално вештачење. Врз база на вештачењата на квазивештакот беа апсени граѓани од случаите Змиско око, калдрма и други случаи. Случајот Змиско око се уште се влече по судови, веќе 12 години, а Звонко е четврта жртва од овој случај кој што починачекајќи ја ветената правда, напиша Цветанов, кој исто така е еден од обвинетите во случајот Шпион.

Адвокатот Звонко Давидовиќ во интервју за 1 Тв неодамна, во контекст на критиките за одолговлекување на процесите, ги посочи токму случаите Змиско око, Фаланга Ликвидација, Шпион, кои и десетина години се заглавени во судските лавиринти, без никој за тоа да понесе одговорност, а кои држат во заложништво човечки судбини.

-Змиско око 1 и 2 траат со години. Мислам дека 10 години. Можете да замислите какво е чувството да мора секоја покана да се јавите на суд и десетина години се појавувате и имате тежина. Вие сте бележени дури и да работите, ви виси над глава пресуда, вие сте во судска постапка, има обвинение против вас и тоа не е ни малку пријатно. Дел од предметите воопшто не ни беа започнати. За „Шпион“, „Ликвидација“ кој е понов предмет кој произлезе од Ореше, за сите други предмети имаше сомневање за чесноста, праведноста и начинот на постапувањето на судот. За жал резултат немаме, вели Давидовиќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1