Полицијата не знаела дека Манојловски е пратеник, вршеле проверка за извршено кривично дело


Полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров вршеле проверка на возила на граѓани во врска со извршено кривично дело, а меѓу нив и возилото на пратеникот Горан Манојлоски, без притоа да знаат дека станува збор за пратеник.

Вака го појаснија од МВР за МИА случајот со пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ Горан Манојлоски кој утрото бил запрен и неговото возило било претресено од страна на полицијата, по што тој одби да учествува на денешните седници на собраниските комиси, меѓу кои и на Комисијата за труд и социјална политика.

По извршена проверка, на лицето му е дозволено да си оди без никакви проблеми, посочуваат од МВР.
Инаку, заменик претседателката на собраниската Комисија за труд и социјална политика Весна Пемова денеска ја прекина седницата поради немање кворум, откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Горан Манојлоски ја напушти седницата во знак на револт, како што кажа, поради инцидент што му се случил на пат кон Собранието.

Манојлоски рече дека утрово кога одел на работа кон Собранието на кружниот тек во скопската населба Ѓорче Петров бил запрен од страна на вооружени полицајци кои, како што посочи, и покрај тоа што им кажал дека е пратеник му рекле да излезе со цел да извршат претрес внатре во возилото.

Потенцира дека нема да се враќа на работа во собраниските комисии додека не добие официјално известување од страна на министерот за внатрешни работи или МВР во врска со настанот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1