Специјалното јавно обвинителство е завршена работа и првиот чекор што треба де направи треба да биде притвор за Катица Јанева, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција
,,се покажало дека СЈО е корумпипрано и компромитирано, а барањето за притвор на Јанева го поткрепи со опасноста од бегство и влијание врз сведоци.
Она што се случи вчера со апсењата и оставката на Јанева според него, е последица на власта, која што е корумпирана „до гуша“. Тој власта ја нарече криминален октопод кој владее со државата и тргува со правдата.
Мицкоски побара, како што рече, „веднаш оставки и веднаш предвремени парламентарни избори“.
„Заев повикува на лидерска средба во петок. Не ја гледам потребата од мое присуство на средба на која ќе се разговара за сѐ и тоа ќе биде алиби, а не за тоа што треба, датум за предвремени парламентарни избори“, изјави Мицкоски.