Ќе се менуваат имиња на улици во Скопје – Скопјани ќе решат преку анкета


Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, најави дека од денеска граѓаните преку анкета ќе можат да предлагаат нови имиња за улиците, мостовите и плоштадите во главниот град.

  • „Сметам дека најдостоинствен начин да го одбележиме овој ден е да изразиме почит кон жртвите на земјотресот и да изразиме благодарност кон градителите на Скопје. Во име на таа солидарност, Градот Скопје од утре објавува анкета за предлози на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти. Ве повикувам сите скопјани да дадете свои предлози и со тоа да дадете придонес во искажувањето благодарност на сите кои придонесоа во изградбата на Скопје“, рече синоќа градоначалникот Шилегов на одбележување 56. години од катастрофалниот земјотрес во Скопје.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1